Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Скопје и СВР Штип за безбеден сообраќај и заштита од имотни деликти

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Скопје и СВР Штип за безбеден сообраќај и заштита од имотни деликти

 


На 27.02.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција и од ПС БПС при СВР Велес, на неколку локации во Велес, реализираа сообраќајна превентивна активност за подигање на степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на потребата за свесност кај возачите, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Сообраќајна превентивна активност на оваа тема реализираа и полициски службеници од ПО Чашка, додека на подрачје на ОВР Неготино и ОВР Кавадарци, беа реализирани сообраќајни превентивни активности на темите „Стави појас“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“, при што на возачите им беше укажано за неопходноста од почитувањето на законските правила и прописи во сообраќајот. 
Денеска пак, Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачјето на ПО Сарај, на наплатна рампа Глумово, реализира превентивни активности „Стави појас“ и „Користи зимска опрема“. На граѓаните им беше укажано дека користењето сигурносен појас може многу да придонесе за намалување на последиците при евентуална сообраќајна несреќа, а беше потенцирана и потребата возилата да бидат комплетно подготвени за сообраќај во зимски услови. 
Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал, изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.
Полициски службеници од РЦГР Исток и ОВР Делчево пак денеска во Делчево и делчевско спроведоа превентивни активности за заштита од имотни деликти. На граѓаните им беа дадени совети како да се заштитат од имотните деликти, а доколку станат жртва веднаш да го пријават случајот во полиција. Во Свети Николе пак, превентивна активност со цел запознавање на граѓаните со работењето на полицијата спроведоа полициски службеници од ПС Свети Николе и Отсекот за превенција при СВР Штип.

Мени за пристапност