Денеска (08.12.2025) на патот Гостивар- Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во соработка со Полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај Гостивар реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „Користи зимска опрема, вози безбедно, вози одговорно“. На возачите им беше укажано на неопходноста од поседување зимска опрема во возилата, но и од совесно и одговорно управување на возилата и прилагодување на брзината на движење кон условите на патот, а им беа поделени и едукативни летоци со соодветни совети за безбедно возење.
Исто така денеска (08.12.2025) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачје на ПО Мирковци, на патот кон Косово, во соработка со РСБСП реализираа едукативни активности наменети за возачите „Користи зимска опрема“, „Стави појас“, „Не зборувај на мобилен додека возиш“ и „Возете безбедно со технички исправно возило". Притоа, покрај корисните совети кои беа споделени со возачите низ директна комуникација, беше поделен и едукативен материјал во форма на летоци.