Денеска (07.12.2025), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во соработка со Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Тетово на автопатот Скопје-тетово, кај наплатната станица Желино, реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „Користи зимска опрема, вози безбедно, вози одговорно “. Притоа, на возачите во директна комуникација им беше укажано на неопходноста од поседување зимска опрема во возилата, но и од совесно и одговорно управување на возилата и прилагодување на брзината на движење кон условите на патот. На возачите им беа поделени и едукативни летоци со соодветни совети за безбедно возење.
И Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП, денеска на автопатот Скопје-Велес, на наплатната рампа Петровец, реализираше превентивни активности „Зимска кампања“, „Стави појас“, „Не зборувај на мобилен додека возиш“ и „Возете безбедно со технички исправно возило". Притоа, беше поделен и едукативен материјал во форма на летоци, со практични совети за безбедно учество во сообраќајот.