Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден (05.12.2025) беше реализирана едукативна работилница во ООУ „Јоаким Крчовски“ и ОУ “Ѓорче Петров“ во Скопје на тема „Насилство на спортски натпревари, насилство на социјални мрежи и врсничко насилство“, со цел подобрување на безбедноста на учениците, особено во образовно – воспитните установи, намалување на сите облици на насилство, како и градење на доверба меѓу учениците и полицијата и развивање на меѓусебната соработка.
На подрачјето на ПСОН Гази Баба, пак, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП реализираа превентивно-едукативна активност наменета за возачите „Зимска кампања“ и „Возете безбедно со технички исправно возило". Притоа, беше поделен едукативен материјал во форма на летоци со практични совети за безбедно учество во сообраќајот.
И денеска (06.12.2025) на подрачје на ПO Сарај, на наплатната рампа Глумово, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП реализираа превентивни активности ,,Стави појас", "Возете безбедно со технички исправно возило" и „Не зборувај на мобилен додека возиш“.