Денеска(18.11.2025), полициски службеници од ОВР Крушево во координација со Територијалната противпожарна единица Крушево, Итна медицинска помош Крушево, како и преставници од Центарот за управување со кризи и Црвениот крст реализираа симулациона вежба за справување со кризна состојба - земјотрес.
Активноста беше реализирана во средното општинско училиште „Наум Наумоски - Борче" во Крушево, каде активно учество зедоа и учениците и персоналот во училиштето.