Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на меѓуврсничко насилство, имотни деликти и пожари

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на меѓуврсничко насилство, имотни деликти и пожари

 


На 09.07.2026 во вечерните часови, полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС Велес при СВР Велес, реализираа „Граѓанска патрола“ во рамки на превентивните активности насочени кон безбедноста на младите и одржување на јавниот ред и мир. Оваа активност беше спроведена заедно со претставници од Советот на општина Велес, Локалниот  совет за превенција, Општинскиот совет за превенција од детско престапништво и Центарот за социјални работи Велес, во рамки на која беа посетени места каде има зголемено присуство на малолетни лица, како паркови, игралишта и сл.. При тоа, на малолетниците им беше укажано за потребата од совесно и одговорно однесување и почитување на јавниот ред и мир, а особено внимание беше посветено на превенцијата од меѓуврсничко насилство, вандализам и несаканите последици од употреба на алкохол и психотропни супстанци. Овие активности имаат за цел да се зголеми безбедноста на младите и да се избегнат ризиците од опасностите преку зајакнување на меѓуинституционалната и соработката со локалната заедница.

Денеска (10.07.2026) полициски службеници од ПС БПС при СВР Велес и ПО БПС при ОВР Кавадарци, во Велес и Кавадарци реализираа сообраќајни превентивни активности на тема „Стави сигурносен појас“, со цел да им се укаже на граѓаните дека користењето на сигурносен појас претставува законска обврска како за возачите, така и за патниците во возилата, со цел зголемување на личната безбедност.

Полициски службеници од СВР Велес, ПО Чашка, ПК Градско и ПС Делчево, денеска спроведоа превентивни активности за заштита од пожари. На граѓаните им беше укажано да не фрлаат догорчиња од цигари или било каков друг вид запаливи материјали покрај патиштата, како и обврската за внимателно и одговорно однесување, за да се намали ризикот од појава на шумски и пожари на отворен простор, особено во летниот период кога е зголемена температурата и опасноста од пожари е поголема.Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.

Во Скопје, полициски службеници од Одделението а превенција при СВР Скопје 
спроведоа превентивна активност „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“. Полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните им укажуваа да не оставаат вредни предмети во паркираните автомобили, со цел да се превенираат можностите за тешки кражби од патнички моторни возила. Исто така, на граѓаните им беше укажувано за начините за превенција во тесна соработка со полицијата, а воедно им беа делени и едукативни печатени материјали со информативни содржини, со укажување дека секој сомнителен случај треба да го пријават во полициска станица.

Во Скопје, Штип, Делчево, Пробиштип и Берово пак, беа реализирани превентивни активности под мото „Носи кацига, вози внимателно“. Целта на активностите беше зголемување на сообраќајната култура преку потсетување на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот. На возачите на мопеди и мотоцикли им беше укажувано на обврската за задолжително носење заштитен шлем, како за нив, така и за сопатниците. Во рамки на активностите беше поделен и едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност– Скопје.

Мени за пристапност