Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување пожари и кражби

Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување пожари и кражби

Денеска (09.07.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, на наплатна станица „Сопот“ на автопатот Скопје-Велес, реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози одговорно“. На возачите им беше укажано за важноста од управување на возило одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во лето. Исто така, им беше нагласено дека во овој период, кога е зголемена фреквенцијата во сообраќајот и возачите се упатуваат кон летните дестинации минувајќи стотици километри, од особена важност е да се прават почести паузи во текот на патувањето и да се следат препораките за безбедно возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Полициски службеници од ПС за БПС при СВР Велес, реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Брзото возење загрижува, брзото возење убива“, укажувајќи им на возачите на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот и за ризикот што го преземаат доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, додека полициски службеници од ПС за БПС при ОВР Неготино, реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, во рамки на која беа потенцирани опасностите од користење мобилен телефон при управување возила и потребата за зголемување на  личната, но и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот.

Полициски службеници од ПК Градско денеска реализираа превентивни активности за заштита од пожари, напоменувајќи им на граѓаните за поголема внимателност во текот на летниот период, особено при извршување земјоделски работи и задолжително пријавување на несовесно однесување. Полициски службеници од ПО Чашка пак, реализираа превентивна активност за заштита од телефонски измами, укажувајќи им на граѓаните секогаш да бидат внимателни при комуникација со непознати лица, да не оставаат лични и податоци од своите платежни картички за да не бидат жртви на овој вид измами.
Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.

Денеска (09.07.2026) од страна на УПС од ПС за БПС  Берово,  на повеќе локации во Берово е  реализирана  превентивна активност на тема „Стави појас“. За време на превентивната активност на возачите учесници во сообраќајот им беа поделени и летоци со едукативна содржина во врска важноста за почитување на сообраќајните правила и прописи односно задолжителното користење на појас. Целта на активностите беше да се зголеми севкупната безбедност во сообраќајот.

Одделението за превенција при СВР Скопје реализираше превентивно-едукативна активност под мотото „Секој може да биде жртва“ и „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“ на подрачје на ПСОН Чаир.
За време на активноста на случајните минувачи им беше укажано на начините на превенција, да внимаваат на личните предмети кои ги носат со себе, чанта, мобилен телефон, паричник и вредни предмети како и на предметите кои ги остават во својот автомобил.
Притоа на минувачите им се делеше и едукативен материјал во форма на летоци, на кои беа испишани едукативните препораки. Основна цел на активноста е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. 
На подрачјето на ПО Мирковци поточно магистрален пат Блаце преземени се мерките и активности согласно ОА Пожари 2026 со цел рано спречување на пожари, како и запознавање и информирање на граѓаните со позитивните законски регулативи доколку предизвикаат шумски пожари.

Притоа за време на активноста на граѓаните им се делеше едукативен  материјал и беа поставени плакати за заштита од шумски пожари. На граѓаните им се потенцираше потребата од поголема свесност за заштита на шумите од пожари и доколку се забележи пожар на отворено веднаш да се извести на 112. 


Вчера (08.07.2026) полициски службеници од СВР Битола заедно со претставниците од мото клуб „Конзули" од Битола, на повеќе локации низ Битола реализираа превентивна активност во насока на поголема безбедност на возачите на моторцикли , четирицикли и велосипеди со мотор како и електричните тротинети, при што во рамки на активноста покрај совети и препораки на учесниците во сообраќај им беа поделени и едукативни материјали.

Мени за пристапност