Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување пожари и семејно насилство

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување пожари и семејно насилство

Денеска (08.07.2026) полициски службеници од СВР Велес, ПО Чашка и ПК Градско, на подрачје на општина Чашка и во село Виничани, општина Градско, реализираа превентивни активности на тема „Пламените јазици се незапирливи“. На граѓаните им беше потенцирана потребата за намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и внимателност при извршување земјоделски работи, како и континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, ПС БПС при СВР Велес и ПО БПС при ОВР Кавадарци, денеска во Скопје, Велес и Кавадарци реализираа сообраќајни превентивни активности на тема „Вози одговорно“. На возачите во непосредна комуникација им беше укажано за важноста од управување на возило одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во лето. Исто така, им беше нагласено дека во овој период, кога е зголемена фреквенцијата во сообраќајот и возачите се упатуваат кон летните дестинации минувајќи стотици километри, од особена важност е да се прават почести паузи во текот на патувањето  и да се следат препораките за безбедно возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола, пак на повеќе локации низ градот реализираа превентивни активности посветени на пешаците, со напомена за потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Полициски службеници од ПС БПС Берово, Штип и Делчево во Штип, Берово и Делчево реализираа превентивни активности на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, потенцирајќи им го на возачите ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило, како и превентивни активности насочени кон мотоциклистите за важноста од носење заштитен шлем и потребата од безбедно учество во сообраќајот.

Исто така, од страна на ПС Виница во Виница беа реализирани превентивни активности на тема „Има помош за живот без насилство“, при што граѓаните беа информирани за постапките и процедурите при појава на такви случаи и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој, со акцент на важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство.

Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.

Мени за пристапност