Денеска (18.03.2026) во Струмица, Тетово, Куманово, Ресен, Скопје, Штип, Неготино, Свети Николе и Кочани, полициски службеници реализираа превентивни активности на темите „Има помош за живот без насилство“ и „Не биди нем сведок“. Во непосредна комуникација со граѓаните, им беа објаснети начините како да се превенира семејното насилство и достапноста на услугите за помош и заштита доколку сепак се жртви на насилство. Беше укажано и за тоа што можат граѓаните да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Од страна на полициските службеници беше потенцирана важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство, а беше поделен и печатен едукативен материјал.
Во Велес, Скопје, Штип, Кочани, Неготино и Берово беа реализирани превентивни активности за безбеден сообраќај, при што на граѓаните им беше потенцирана потребата од стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи. Полициски службеници од ПО БПС Кавадарци пак, реализираа превентивна активност на тема „Вози технички исправен и светлосно означен трактор“, со цел подигнување на свеста за безбедно и одговорно учество во сообраќајот од страна на возачите на трактори и земјоделски машини и нивна поголема видливост на патиштата. Во рамки на активностите, беше поделен и печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.