Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување семејно насилство

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување семејно насилство

Денеска (17.03.2026) полициски службеници од СВР Велес, СВР Тетово и СВР Штип во Велес, Чашка, Свети Николе и Тетово реализираа превентивни активности на темите „Има помош за живот без насилство“ и „Не биди нем сведок“, со цел спречување на појавата на секој вид родово базирано насилство. Во рамки на активностите беше ставен акцент на постапките и процедурите при појава на случаи на родово базирано насилство и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој. Во непосредна комуникација, беа давани насоки и за тоа што можат граѓаните да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Од страна на полициските службеници беше потенцирана важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство, а беше поделен и печатен едукативен материјал. 

Вчера пак, во Охрид, во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид беше одржана тркалезна маса на тема „Родово базирано насилство и семејно насилство", на која покрај претставници од СВР Охрид, присуствуваа и претставници од Основниот суд и Јавното обвинителство од Охрид, Центарот за социјални работи, од локалната самоуправа, од училишните центри и невладини организации. Целта е јакнење на меѓуинституционалната соработка во сузбивањето на појавата на семејното и родово базирано насилство. 

На територија на СВР Штип, во Свети Николе, Штип и Берово беа спроведени превентивни активности од областа на сообраќајот, со цел зголемување на свеста за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи.

Мени за пристапност