Денеска (16.03.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, реализираа превентивно - едукативни активности за заштита од имотни деликти и измами на тема „Заштити го својот дом“, „Џебни кражби“ и „Измами“. На граѓаните им беше укажано за потребата од поголема внимателност и начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби и измами. Активноста посебно беше насочена кон повозрасната популација, која е почеста мета на разни видови на имотни деликти, потенцирајќи им добро да ги заштитат своите домови, да внимаваат на своите лични предмети и да бидат посебно внимателни при комуникација со непознати лица за да не дозволат да бидат жртви на кражби и измами.
Денеска, во просториите на Основното училиште „Беса“ во Тетово реализирана е практична имплементација на проектот за превенција и заштита од родово-базирано насилство и семејно насилство „Има помош за живот без насилство“, чиј носител е СВР Тетово - Отсекот за превенција во содејство со претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Во текот на предавањето, учениците беа запознаени со поимот и формите на семејно насилство (физичко, психолошко, економско и сексуално), начините за препознавање на насилството и неговите последици, можностите за пријавување на насилство до полицијата, Центарот за социјална работа и училишните служби, како и со улогата на институциите во постапувањето и заштитата на жртвите, правната рамка, вклучително и Кривичниот законик и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство. Согласно планот, односно на иста тема „ Има помош за живот без насилство “, во општина Боговиње беше одржана состанок на Советодавната група на граѓани.
Додека, пак, денеска полициски службеници од Полициската станица Делчево и Регионалниот центар за гранични работи Исток и претставник од Црвен крст Делчево во основното училиште „Ванчо Прќе“ во Делчево одржаа предавање на тема „Превенција и заштита од зависностите -никотин, алкохол и дрога“. Притоа на учениците преку презентација им беше појаснето за штетните последици од зависностите, објаснувајќи им како да се заштитат. Предавање на иста тема, како и
на тема „Булинг и меѓуврсничко насилство” беше одржано и во основното училиште „Гоце Делчев“ во Свети Николе.