Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај и спречување на семејно и врсничкo насилство

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај и спречување на семејно и врсничкo насилство

Денеска (12.03.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во ООУ „Гоце Делчев“ во Кавадарци реализираа едукативни предавања на темите „Насилство во училиштата“, „Сајбер булинг“, „Внимателност при користење на социјални мрежи“ и „Тик ток предизвици“. Учениците беа запознаени со последиците што може да настанат, како и со начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. Воедно, на учениците им беше укажано за потребата од поголема внимателност при користењето на социјалните мрежи, односно неприфаќање на било какви постирани предизвици, што може да им наштетат. 

Исто така, денеска во Велес, Виница, Берово, Кочани, Делчево и Пехчево  беа реализирани превентивни активности на тема „Има помош за живот без насилство“ и „Не биди нем сведок“, со цел превентивно да се  дејствува за спречување на појавата на секој вид родово базирано насилство и да се охрабрат жртвите случаите навремено да ги пријават во полиција, информирајќи ги и за мерките за заштита при постоење на некои од облиците на семејно насилство.

Во Виница беше реализирана превентивна активност за заштита од кражби, а во Кочани активност под мотото „Вози одговорно- стави појас“. Преку непосредна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи. Користењето на сигурносни појаси е законска обврска, како за возачите така и за патниците во возилата, со цел зголемување на нивната лична безбедност и значително придонесува за помали последици при евентуална сообраќајна несреќа. На возачите им беа поделени и едукативни летоци.


 

 

Мени за пристапност