Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај, заштита од зависности и спречување на семејно насилство

Превентивни активности за безбеден сообраќај, заштита од зависности и спречување на семејно насилство

Денеска (11.03.2026) во Битола, Неготино, Охрид, Куманово, Скопје и Пробиштип, полициските службеници реализираа превентивни активности на темите „Има помош за живот без насилство“ и „Не биди нем сведок“. Преку непосредна комуникација, граѓаните беа информирани за начините како да се превенира појавата на семејно насилство, мерките за заштита при постоење на некои од облиците на семејно насилство, но и за тоа што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. При тоа беше поделен и печатен едукативен материјал. 

Исто така, во Скопје, Свети Николе, Кочани и Штип, беа реализирани превентивни активности од областа на сообраќајот, со цел да се подигне свеста кај граѓаните за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и од ОВР Неготино, пак,  учествуваа на трибина во СОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино,  на која ги информираа учениците за штетноста по здравјето од користењето наркотици, алкохол и цигари. Полициски службеници од ПС Кисела Вода при СВР Скопје, пак беа во посета на детската градинка „Виножито“ во с. Сопиште, при што дечињата беа запознаени со основните сообраќајни правила, прилагодено на нивната возраст.

Мени за пристапност