Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на семејно насилство

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на семејно насилство

Денеска (10.03.2026) во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција и Отсекот за општ криминал при СВР Велес, реализираа превентивни активности на тема „Има помош за живот без насилство“ и „Не биди нем сведок“. Преку непосредна комуникација, граѓаните беа информирани за начините како да се превенира појавата на семејно насилство, мерките за заштита при постоење на некои од облиците на семејно насилство, но и за тоа што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Активности на истата тема реализираа и полициски службеници од ОВР Кавадарци во Кавадарци, Отсекот за превенција при СВР Тетово во Гостивар и Жеровјане, ОВР Делчево во Делчево, како и ОВР Македонски Брод во ООУ „Мустафа Кемал Ататурк" во Македонски Брод. 

Во Битола, Пробиштип и Штип, полициски службеници од СВР Битола и СВР Штип реализираа превентивни активности со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот, пред се околу потребата од редовни технички прегледи на возилата како и за користење на сигурносен појас. Преку непосредна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи. При тоа, уште еднаш им беше укажано дека користењето на сигурносни појаси е законска обврска, како за возачите така и за патниците во возилата, со цел зголемување на нивната лична безбедност.

Мени за пристапност