Денеска (19.03.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, на неколку локации во Велес, реализираa превентивни активности насочени кон безбедноста на пешаците. Во рамки на активностите, на пешаците им беше укажано дека и тие како и возачите, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да се зголеми како нивната така и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Целта на оваа превентивно – едукативна активност беше да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајната култура, укажување на клучните фактори за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот-пешаците и особено повозрасните лица, но и зајакнување на довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните. На граѓаните им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. Превентивни активности за безбеден сообраќај спроведоа и полициски службеници од СВР Штип во Штип, Кочани и Берово.
Полициски службеници од ОВР Прилеп и ПС Пехчево во Прилеп и Пехчево реализираа превентивни активности за спречување семејно и сајбер насилство и зависност од дрога. Во непосредна комуникација со граѓаните, им беа објаснети начините како да се превенира семејното насилство и достапноста на услугите за помош и заштита доколку сепак се жртви на насилство. Беше укажано и за тоа што можат граѓаните да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Од страна на полициските службеници беше потенцирана важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство, а беше поделен и печатен едукативен материјал. Исто така, во текот на вчерашниот ден во средното општинско училиште „Кузман Јосифовски" во Прилеп во соработка со советот на родители и воспитно- педагошкиот кадар се одржа работилница на тема заштита од сајбер насилство и злоупотреба на дрога кај младите.