Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување семејно насилство и зависности

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување семејно насилство и зависности


На 19.03.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и ПО Чашка, во селата Извор, Владиловци и Јасеново, општина Чашка, реализираа превентивни активности на тема „Не биди нем сведок“, со цел превентивно да се дејствува во спречувањето на појавата на семејното и секој вид родово базирано насилство. Во рамки на активностите беше ставен акцент на постапките и процедурите при појава на случаи на родово базирано насилство и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој. Во непосредна комуникација, на граѓаните им беа давани насоки и совети за тоа што можат да сторат  доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство, упатувајќи ги на постапките и процедурите при појава на такви случаи. Вакви превентивни активности спроведоа и полициски службеници од СВР Скопје и СВР Штип во Скопје, Крива Паланка, Пробиштип и Берово.  

Исто така, вчера и денес, во Велес и Скопје беа реализирани и превентивни активности на тема „Не користи мобилен телефон“ и „Стави појас“, при што на возачите им беше укажано за опасностите од користење мобилен телефон при управување возила, како и за потребата од користење на сигурносен појас како од страна на возачите, така и од страна на сопатниците. Целта на активностите е да се влијае на подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот и нивото на сообраќајна култура, во насока на намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал. 

Полициски службеници од РЦГР Исток пак во соработка со Црвен Крст – Крива Паланка одржаа едукативно предавање во ООУ „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка, за превенција од зависностите од дрога, алкохол и цигари.

Мени за пристапност