На 25.06.2025 во Гевгелија, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија и претставници на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Гевгелија спроведоа превентивна активност „Секогаш носи кацига и заштити го животот“.
Преку делење на летоци со едукативна содржина и во разговор со возачите на мотоцикли им беше укажано за нивната должност да носат кацига при управување на мотоциклите, со цел зголемување на нивната безбедност. Исто така, им беа посочени и законските одредби кои предвидуваат санкционирање на возачите кои при управување на мотоцикли не носат кацига.