Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Скопје за безбеден сообраќај и заштита од имотни деликти

Превентивни активности на СВР Скопје за безбеден сообраќај и заштита од имотни деликти

Денеска (25.06.2025) во централното подрачје на Скопје, во рамките на кампањите за унапредување на сообраќајната култура, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП организираа превентивно-едукативна активност насочена кон возачите на мотоцикли, велосипеди и електрични тротинети, но беа опфатени и пешаците и возачите на патнички возила, со цел подигнување на безбедносната свест за одговорно и безбедно учество во сообраќајот.

 

Покрај корисните совети од страна на полициските службеници, на граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал со практични совети за безбедно движење по тротоарите, велосипедските патеки и патиштата.


Исто така денеска, полициски службеници од СВР Скопје во соработка со Сојузот на пензионери на град Скопје реализираа едукативна работилница со претставници од 10 ограноци на пензионерски здруженија на тема „Превенција од имотни деликти“, со акцент на измамите, особено оние со лажните сообраќајни несреќи. Притоа, беа посочени начините за заштита од ова кривично дело, како и од кражби, тешки кражби од куќи и станови итн., а беше поделен и печатен едукативен материјал.

Мени за пристапност