Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Скопје за заштита од имотни деликти и за безбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Скопје за заштита од имотни деликти и за безбеден сообраќај

 Денеска (26.06.2025) во Скопје, на подрачјето на Бит пазар, Одделението за превенција при СВР Скопје и РСБСП организираа превентивно-едукативна активност насочена кон возачите на мотоцикли, велосипеди и електрични тротинети, но беа опфатени и пешаците и возачите на патнички возила, со цел подигнување на безбедносната свест за одговорно и безбедно учество во сообраќајот. Покрај корисните совети од страна на полициските службеници, на граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал.


Исто така денеска, полициски службеници Одделението за превенција при СВР Скопје на локации на подрачјето на ПСОН Бит Пазар реализираа  превентивна активност под мотото „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“. Целта на активноста беше да се подигне свеста на граѓаните за заштита од имотни деликти, особено од тешки кражби од моторни возила и да се зголеми безбедносната култура кај населението. На граѓаните преку директни средби и разговори им беше укажано возилата да ги оставаат на безбедни места како паркинг простори и осветлени локации и да не оставаат вредни предмети како ташни, телефони, паричници и сл. во возилата, кои секогаш треба да ги заклучуваат. Воедно, им беше посочено дека секој сомнителен случај, неопходно е да го пријават во полициска станица. Во рамки на активноста беше поделен печатен едукативен материјал.

Мени за пристапност