Вчера (28.06.2025) на граничниот премин Пелинце, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово реализираа превентивна активност за заштита од пожари, како и за безбеден сообраќај.
Во овој период на ГП Пелинце е зголемена фрекфенцијата на патници и возила, особено они кои транзитираат низ државата, а полициските службеници преку корисни совети ги запознаа како безбедно да стигнат до својата дестинација, но и како да придонесат да се заштитиме од пожари. Им беше појаснето дека во летниот период, со зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание и затоа е забрането фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и сл.
Доколку пак забележат дека настанал пожар, навремено да ги информирааат надлежните институции, со цел тие навремено да интервенираат и да се спречат поголеми штети. Патниците, но и жителите на околните села, беа запознаени и дека од 1 јули до 31 август стапува на сила целосната забрана за движење во шуми, освен со дозвола од ЈП „Национални шуми“. На возачите им беше укажано и да користат сигурносен појас, да ја прилагодат брзината на движење, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Им беше препорачано и да прават почести паузи, затоа што заморот при подолги патувања може да предизвика фатални последици. Им беа поделени и едукативни материјали со корисни совети и информации.