Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Реализирани превентивни активности на СВР Скопје, СВР Струмица и СВР Штип за безбеден сообраќај и заштита од измами

Реализирани превентивни активности на СВР Скопје, СВР Струмица и СВР Штип за безбеден сообраќај и заштита од измами

 

Во текот на вчерашниот ден (23.01.), полициски службеници од СВР Скопје, СВР Струмица и СВР Штип реализираа повеќе превентивни активности насочени кон унапредување на безбедноста во сообраќајот и заштита на граѓаните од измами. 

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), на подрачјето на општина Гази Баба, односно на булевар „Александар Македонски“, реализираа сообраќајно-превентивна активност на тема „Користете зимска опрема“. Во рамки на активноста, на возачите им беа поделени едукативни летоци со пораки за одговорно управување со возилата во зимски услови, како и укажувања за почитување на сообраќајните правила, задолжително прилагодување на брзината на условите на патот и други безбедносни мерки. 

Истиот ден, во село Босилово, струмичко, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица, во соработка со претставници на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Струмица, реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „Возете безбедно во зима“. На возачите им беше укажано на законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, при што им беше поделен и едукативен материјал обезбеден од РСБСП. 

Во рамки на активностите за превенција од измами, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип реализираа работна средба со здруженијата на пензионери во Кочани и Виница. На средбата, пензионерите беа информирани за најчестите видови измами, при кои сторителите лажно се претставуваат како лекари или други службени лица и од членовите на семејствата изнудуваат пари за наводни сообраќајни несреќи. Присутните беа советувани како да постапат при евентуален обид за измама и истото веднаш да го пријават во најблиската полициска станица.

Мени за пристапност