Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Паркирај совесно - паркирај одговорно“, превентивна активност на СВР Тетово ОВР Гостивар

„Паркирај совесно - паркирај одговорно“, превентивна активност на СВР Тетово ОВР Гостивар

 

Во рамките на сеопфатните кампањи за унапредување на сообраќајната култура, денеска (25.01.) на подрачјето на СВР Тетово ОВР Гостивар, односно на локации на централното гратско подрачје во Гостивар, Одделот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, спроведоа превентивно-едукативна активност под мотото „Паркирај совесно - паркирај одговорно“.
Активноста имаше за цел подигнување на безбедносната култура, за одговорно и безбедно учество во сообраќајот, особено кај возачите. Притоа, покрај непосредните укажувања, на возачите им беше делен едукативен печатен материјал со информативни содржини, односно  практични совети и поуки за безбедно учество во сообраќајот.

Мени за пристапност