Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Скопје и СВР Штип за безбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Скопје и СВР Штип за безбеден сообраќај

 

 
Денеска (26.01.2026) полициски службеници од СВР Скопје и СВР Штип на повеќе локации во општина Аеродром и во Штип реализираа превентивни активности од областа на сообраќајот. 
На возачите низ директна комуникација и делење на едукативни летоци им ја потенцираа потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, особено во делот на користење на зимската опрема, обврска која е на важност во периодот од 15 ноември 2025 година до 15 март 2026 година. Исто така, на возачите им беше укажано на штетните последици што можат да настанат доколку се управува возило под дејство на алкохол, како и за законската обврска за користење на сигурносен појас и фактите дека користењето појас во голем процент ги намалува последиците при евентуална сообраќајна несреќа. На возачите им беше укажано и на санкциите кои се предвидени за непочитување на законите.

Мени за пристапност