Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај

 

Денеска (27.01.2026) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес на неколку локации во Велес беше реализирана превентивно- едукативна активност во која главен акцент беше ставен на безбедноста на пешаците. Тие, како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Улицата треба да ја преминуваат единствено на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерните часови кога се движат на неосветлени локации. На граѓаните им беа поделени печатени едукативни материјали со препораки за безбедно учество во сообраќајот, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.
И полициските службеници од СВР Штип спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот. Во Берово под мотото „Вози одморен- вози одговорно!“, а во Пробиштип под мотото „Паркирај совесно, паркирај одговорно“. Покрај корисните совети за безбедно учество во сообраќајот, граѓаните беа информирани и за санкциите во случај на непочитување на законите.

Мени за пристапност