Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Реализирани повеќе превентивни активности во државата за безбеден сообраќај, заштита од пожари на отворено, заштита од кражби

Реализирани повеќе превентивни активности во државата за безбеден сообраќај, заштита од пожари на отворено, заштита од кражби

 

Вчера и во изминатите неколку денови, на подрачјето на СВР Битола беа спроведени повеќе превентивни активности за безбеден сообраќај, заштита од пожари на отворено  и заштита од бесправна сеча на шуми. Активностите за безбеден сообраќај се однесуваа на повеќе теми и ги опфатија скоро сите општини на подрачјето а СВр Битола. Активностите беа на темите „Не користи мобилен телефон додека управуваш моторно возило“, „Носи кацига", „Стави појас", „Алкохолот е твој непријател", „Безбедно на мотор" и други, при што на возачите на фреквентните улици низ градовите и другите  учесници во сообраќајот им беше појаснета законската регулатива околу обврската која ја имаат како возачи да не користат мобилен телефон додека управуваат патничкото моторно возило, да носат кацига при управување на мопед, тротинет и други превозни средства, да не консумираат алкохол додека управуваат моторно возило. Додека, пак во рамки на активностите за заштита од пожари на отворено граѓаните беа запознаени од потребата за поголема соработка и навремено пријавување на какви било појави на несовесно однесување, фрлање и палење на ѓубре и палење оган, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции. 
Денеска во Куманово, Отсек за  превенција во соработка  со  Општинскиот  совет за  превенција на местата каде има најголема фрекфенција од пешаци и  возила спроведе кампања со мото „Застани јас сум пешак“. Кампањата е  наменета за  сите  пешаци со  укажување да се  користат само обележани места за поминување на коловоз, односно пешачки премини, да не се претрчува преку коловоз. 
На 26.08.2026 на подрачјата на Гази Баба и Центар во Скопје, Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе превентивни активности за безбеден сообраќај и за заштита од кражби во возила. За време на активностите на учесниците во сообраќајот им беа делени летоци со едикативна содржина, односно со препораки за безбедно учество во сообраќајот и да не се оставаат вредни предмети во возилата. 
На 26.08.2026 во организација на РЦ за ГР Југ и РЦ за ГР Север, на граничните премини Богородица, Стар Дојран, Меџитлија, како и на подрачјата на  полициските станици за граничен надзор Белановце и Попова Шапка беа спроведени повеќе превентицни активности.  На граничните премини на РЦ за ГР Југ беа реализирани активности за безебден сообраќај во рамки на кои на патниците и возачите кои остваруваа влез во државата им беа поделени летоци за проектот „Безбеден град“, а полициските службеници ги информираа за значењето на почитувањето на сообраќајните правила, како и за можноста преку официјалната апликација „SAFE CITY“ да ја проверат состојбата за евентуални прекршоци и навремено да добиваат известувања. Активностите, пак , на подрачјето на РЦ за ГР Север се однесуваа на превенцијата и заштитата на шумите од пожари, при што на граѓаните икм беа делени летоци со едукативна содржина. 
На подрачјето на СВР Штип, исто така, беа спроведени повеќе превентивни активности. Во  Штип, Кочани,  Свети Николе и Пробиштип активностите беа за безебден сообраќај, додека во Берово за заштита од пожари на отворено. 
Полициски службеници од Полициските одделенија за превенција при ОВР Кавадарци и ОВР Неготино реализираа сообраќајни превентивни активности. Преку непосредна комуникација на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење заштитен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.

Мени за пристапност