На 25.08.2026 на повеќе локации во Штип и Пробиштип, полициските службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај спроведоа превентивни активности за безбеден сообраќај.
Во Штип активностите беа под мото „Не користи мобилен телефон додека управуваш моторно возило“, при што на возачите учесници им беше појаснета законската регулатива околу обврската која ја имаат како возачи да не користат мобилен телефон додека управуваат патничкото моторно возило. Додека, пак во Пробиштип активностите беа на тема за поголема безбедност на велосипедистите и возачите на електрични тротинети. На возачите им беше поделен едукативен материјал со корисни соодржини за измените во законот и им беше појаснето дека тротинет може да управува лице кое наполнило 18 години, а им беше укажано на законските одредби и прописи за учеството со велосипед во јавниот сообраќајот, односно дека е потребно задолжително носење на кацига.
Денеска, Отсек за превенција при СВР Куманово, исто така, реализираше превентивна кампања за безбеден сообраќај, односно со мото „Безбедно на мотор, тротинет и велосипед“. На возачите беше укажано за совесно однесување во сообраќајот и задолжително носење на заштитна опрема, како и за законски последици за непочитување на законот. На 25.08.2026 на подрачјето на Полициската станица Карпош, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП, спроведе низа превентивни активности за безбеден сообраќај, чија основна цел беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Имено, за време на активноста во непосредна комуникација со сите учесници во сообраќајот како возачи им укажавме на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.
Додека пак, денеска, полициски службеници од ОВР Неготино и Полициското одделение Чашка спроведоа превентивни активости за заштита од телефонски измами и заштита од пожари на отворено. Во рамки на активностите во Неготино граѓаните беа советувани секогаш да бидат внимателни при комуникација со непознати лица, да не оставаат лични и податоци од своите платежни картички за да не бидат жртви на овој вид измами. Во Чашка на граѓаните им е укажувано за потребата за поголема соработка и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување, фрлање и палење на ѓубре и палење оган, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции.