Денеска (27.08.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС БПС при СВР Велес, реализираа сообраќајни превентивни активности „Возете безбедно со технички исправно возило“, со цел подигање на степенот на сообраќајна култура, при што беше нагласена обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. ОВР Ресен пак, на подрачјето на Ресен во текот на вчерашниот ден реализира превентивна активност насочена кон возачите, укажувајќи им на опасностите доколку управуваат возило под дејство на алкохол. Во рамките на активностите беа поделени едукативни материјали.
Полициски службеници од ПО Чашка реализираа превентивна активност за заштита од телефонски измами, укажувајќи им на граѓаните секогаш да бидат внимателни при комуникација со непознати лица, да не оставаат лични податоци, за да не бидат жртви на измами, додека полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и ПС ОН при СВР Велес, во Скопје и Велес спроведоа превентивни активности во рамки на кои ги советуваа граѓаните како да се заштитат од различни форми на кражби. Полициски службеници од ПС Делчево, пак, реализираа превентивна активност за заштита од пожари, при што преку непосредни разговори граѓаните беа информирани за последиците од палењето на оган на отворен простор.
Во Пласница и Македонски Брод полициски службеници од ОВР Македонски Брод спроведоа превентивни активности со цел подигнување на свеста од штетните последици од користење на оружје и пиротехнички средства под мотото „Слави со срце, не со оружје“.