Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пријави семејно и родово базирано насилство – превентивна активност на СВР Куманово

Пријави семејно и родово базирано насилство –  превентивна активност на СВР Куманово

На 25.09.2026, Отсекот за превенција при СВР Куманово спроведе превентивна активност „Има живот без насилство - пријави семејно и родово базирано насилство“.


Активноста е спроведена на централно градско подрачје и во непосредни разговори граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, како и за нивните права и мерки за заштита при постоење на некои од облиците на семејно насилство, потенцирајќи им ја важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

Мени за пристапност