На 26.09.2026 во Куманово, во организација на Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата беше спроведена превентивната активност – манифестацијата „Детски семафор 2026“. На полигон, поставен од Отсекот за превенција, преку препреки, семафори, патеки, и кружно возење децата учеа како исправно и безбедно треба да се движат со велосипед во сообраќајот.
На настанот, чија главна цел беше зголемување на безбедноста на најмладите учесници во сообраќајот, присуствуваа голем број млади велосипедисти и граѓании, а гости беа претставници на Велосипедската федерација на Македонија и Велосипедскиот клуб „Вело М“ од Куманово.
На 26.09.2026 во Штип, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип реализираа превентивна активност на тема ,,Паркирај совесно - паркирај одговорно". Притоа, на граѓаните им беше укажано дека за безбедноста во сообраќајот од особено значење е почитувањето на сообраќајните правила и прописи, а со тоа и совесносто, односно паркирањето само на определени места за тоа.
Додека, пак, денеска (27.09.2026) во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен реализираа превентивна активност наменета за земјоделците. Притоа, во непосреден контакт со граѓаните беше потенцирано дека е особено важно да управуваат технички исправна и добро осветлена земјоделска механизација. За време на активноста беа делени и летоци со едукативна содржина.