Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот, спречување на кражби и справување со кризни ситуации

Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот, спречување на кражби  и справување со кризни ситуации

Денеска (28.09.2026) во СОУ Гимназија  „Добри Даскалов“ во Кавадарци беше реализирана показна вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации, односно симулација на пожар, во рамки на која полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со екипи од Територијалната противпожарна единица, ОО на Црвен Крст и Итна медицинска помош Кавадарци,  ги презентираа мерките за заштита и спасување и начинот на постапување на службите на терен при евентуално настанат пожар. Целта е учениците да се запознаат со начините и протоколите за однесување во кризни ситуации, односно начинот на евакуација и брза интервенција при пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање во претпоставена ситуација.
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес реализираа превентивна активност „Вози технички исправно возило“, со цел подигање на степенот на сообраќајна култура, при што на возачите им беше нагласена обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. На подрачје на општина Чашка пак, денеска беше реализирана превентивна активност за заштита од кражби, со цел да им се појаснат на граѓаните начините како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети.

Полициски службеници од полициските станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, Свети Николе и Кочани во основни општински училишта на нивно подрачје реализираа едукативни предавања на учениците со цел запознавање со основните правила и прописи, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот.

Мени за пристапност