Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот и спречување имотни деликти, насилство и зависности

Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот и спречување имотни деликти, насилство и зависности

Денеска (29.09.2026) полициски службеници од СВР Велес и СВР Штип на подрачјата на Кавадарци, Чашка, Штип, Виница и Берово спроведоа превентивни активности за побезбеден сообраќај. На возачите им беше укажано за обврската и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, потенцирајќи им дека се должни внимателно да управуваат со своите возила, да ја прилагодат брзината на движење, да користат сигурносен појас, да не возат под дејство на алкохол, да не употребуваат мобилен телефон и уште низа корисни совети за подигнување на јавната свест за зголемување на безбедноста на сообраќајот и унапредување на сообраќајната култура. Во централното подрачје на Тетово, пак, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово реализираа превентивна активност насочена кон безбедноста на пешаците, потсетувајќи ги за нивните обврски при учество во сообраќајот, дека задолжително треба да ја поминуваат улицата на обележан пешачки премин, да не користат мобилен телефон и слушалки додека поминуваат пешачки премин, како и за други правила кои треба да ги почитуваат за нивно безбедно учество во сообраќајот како пешаци. Исто така, на возачите им беше укажано дека мора целосно да ги почитуваат правилата односно да им даваат предност на пешаците при преминување на сообраќајниците. Во ООУ „Кирил и Методиј” во Свети Николе, ООУ „Малина Попиванова“ во Кочани и ООУ „Браќа Миладиновци“ во Пробиштип, полициски службеници од СВР Штип им објаснуваа на децата како да се движат во сообраќајот, односно безбедно да стигнат од училиштето до дома и обратно.

Полициски службеници од СВР Велес и СВР Куманово пак, во Велес и Куманово реализираа превентивни активности за спречување на имотни деликти, при што со граѓаните споделија корисни совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

Во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип спроведоа превентивна активност со цел да ги информираат граѓаните како да се заштитат од трговијата со луѓе, а полициски службеници од СВР Битола во ОУ „Стив Наумов“ во Битола реализираа превентивни активности за спречување на врсничко насилство и зависности.

Мени за пристапност