Денеска (08.04.2026) во временскиот период од 12:00 до 13:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Не користи мобилен телефон и други електронски уреди додека возиш" и "Стави појас".
Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите дека користењето на мобилен телефон и други електронски уреди при управување со возило значително ја намалува концентрацијата и ја попречува навремената реакција на возачот, со што се зголемува ризикот од настанување на сообраќајна незгода.
Исто така, на возачите им беше укажано на законската обврска за користење на сигурносен појас, како и на значењето на истиот за нивната лична безбедност, безбедноста на сопатниците и намалување на последиците при евентуална сообраќајна незгода.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.