Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на насилничко однесување на спортски натпревари

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на насилничко однесување на спортски натпревари

Денеска (09.04.2026) полициски службеници од ПС Гостивар и Отсекот за превенција при СВР Тетово во гостиварските средни училишта одржаа едукативни предавања на тема „Навивањето нека биде поддршка, а не навреда- спортот обединува“ за спречување на насилство на спортски натпревари и говор на омраза. На учениците им беше укажано за последиците што можат да настанат од ваквото девијантно однесување, како и за начините тоа да се превенира. 

Полициски службеници од ПС БПС Велес, како и ПС БПС Штип, Берово, Кочани и Пробиштип, денеска спроведоа превентивни активности, при што на граѓаните им беше потенцирана потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста на патиштата односно намалување на бројот на сообраќајни несреќи.

Мени за пристапност