Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Скопје и СВР Штип за безбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Скопје и СВР Штип за безбеден сообраќај

 

Денеска (10.04.2026), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП, на подрачјето на Полициското одделение Петровец кај наплатна рампа Петровец реализираше сообраќајна превентивно-едукативна активност по кампањите „Стави појас“ и „Не користи мобилен телефон додека управуваш моторно возило“. Кампањите се спроведоа со цел унапредување на безбедноста на возачите, но и останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на активностите на возачиоте им беа поделени едукативни летоци изработени од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со пораки за одговорно и совесно учествување во сообраќајот.  

Исто така, денеска, Отсекот за превенција при СВР Штип во содејство со полициски лужбеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип спроведоа превентивна активност на тема „Сите сме пешаци“, „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Стави појас“. За време на активностите на возачите и пешаците им беше појаснета законската регулатива околу почитувањето на сообраќајните правила и прописи, а беа поделени летоци со едукативни совети.

Мени за пристапност