Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Штип за безбеден сообраќај и заштита од имотни деликти

Превентивни активности на СВР Штип за безбеден сообраќај и заштита од имотни деликти

Денеска (13.04.2026) во Штип, Карбинци и с.Горачино од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип и ПС Штип, беа реализирани превентивни активности за заштита од имотни деликти. Граѓаните беа информирани како да се заштитат од различни форми на кражби и измами, а им беше потенцирана и неопходноста од навремено известување на полицијата, доколку сепак бидат жртва на кривично дело.

 

Исто така, во Берово, полициски службеници од ПС Берово реализираа превентивни активности од областа на сообраќајот, со цел да се подигне свеста кај граѓаните за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Мени за пристапност