Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за побезбеден сообраќај

Превентивни активности за побезбеден сообраќај

Денеска (14.04.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС БПС при СВР Велес на неколку локации во Велес, реализираа превентивни активности од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Во непосредна комуникација на возачите им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот, како и за ризикот што  го преземаат доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, пред се за личната, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. И полициски службеници од ПС БПС Кочани во Кочани реализираа превентивни активности од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата, пред се насочено кон потребата од користење на сигурносен појас, како и штетните последици доколку возачите додека управуваат возило користат мобилен телефон. Овие активности имаат за цел да се зголеми нивото на сообраќајна култура, а пред се, да се влијае на зголемување на свесноста кај возачите и да се намали бројот на сообраќајни незгоди. Во рамки на превентивната активност беше поделен печатен едукативен материјал,  изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност-Скопје.

Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинскиот совет за превенција на Куманово, по повод Велигден организираа заедничко дружење на децата од основните училишта во Куманово.

Мени за пристапност