Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за спречување на зависности, како и за безбедни матурски прослави

Превентивни активности за спречување на зависности, како и за безбедни матурски прослави

Денеска (15.04.2026) полициски службеници од ОВР Ресен реализираа превентивна активност во средното училиште „Цар Самоил" во Ресен со матурантите од ова училиште, насочена кон обезбедување безбедни и достоинствени матурски прослави. При тоа, беше потенцирано дека било какво нарушување на јавниот ред и мир ќе биде соодветно санкционирано. 

Во текот на вчерашниот ден во ОСУ „Никола Штејн“ во Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово учествуваа во превентивна активност насочена кон спречување на зависностите, пред се дрогата. При тоа, младите беа запознаени со штетните последици од користење дрога, како и со законските последици кои ја санкционираат оваа девијантна појава.

Мени за пристапност