Денеска (16.04.2026) во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивна активност на тема „Внимавај, телефонски измами“, при што на граѓаните од повозрасната популација им беше укажувано како да се заштитат од телефонски измами. На граѓаните им беа поделени и печатени едукативени материјали.Во текот на вчерашниот ден, заедно со полициски службеници ПС БПС Велес, на неколку локации во Велес, реализираа и превентивна активност на тема „Користи сигурносен појас“. Преку непосредна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи. При тоа, им беше укажано дека користењето на сигурносен појас е законска обврска како за возачите, така и за патниците во возилата, со цел зголемување на личната безбедност. Во рамки на активноста, на возачите им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. Превентивни активности од областа на сообраќајот спроведоа и Одделението за превенција при СВР Скопје, како и полициски службеници од СВР Штип во Свети Николе, Штип, Берово и Кочани.
Вo текот на вчерашниот ден полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во Општинската гимназија во с.Неготино, oпштина Врапчиште, на учениците од трета година им одржаа едукативно предавање на тема „Навивањето нека биде поддршка, а не навреда, спортот обединува“, со цел превенција од насилство на спортски натпревари, како и говор на омраза.