Денеска (17.04.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, на градскиот пазар во Велес, реализираа превентивно - едукативна активност за заштита од имотни деликти. На граѓаните им беше посочено како да се заштитат од кражби. Активноста посебно беше насочена кон повозрасната популација, која е почеста мета на разни видови на имотни деликти, потенцирајќи им добро да ги заштитат своите домови, да внимаваат на своите лични предмети и да бидат посебно внимателни при комуникација со непознати лица. Денеска беа реализирани и низа сообраќајни превентивни активности. Полициски службеници од ПК Градско спроведоа превентивна активност на тема „Користи сигурносен појас“, со цел да им се укаже на возачите, но и сопатниците во возилата за користење сигурносен појас заради поголема безбедност. Полициски службеници од ПС БПС Велес, ПС БПС Куманово и ПО БПС Делчево во Велес, Куманово и Делчево реализираа активности на тема „Носи кацига“, наменета за лицата кои управуваат велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, додека во општина Чашка и Кочани беа реализирани превентивни активности со цел да се информираат возачите за ризикот што го преземаат доколку седнат зад волан под дејство на алкохол. Полициски службеници од ОВР Неготино, на неколку локации реализираа превентивна активност наменета за пешаците, потенцирајќи им дека и тие имаат обврска за одговорно учество во сообраќајот, а на подрачјето на Кавадарци беше спроведена превентивна активност на тема „Паркирај совесно, паркирај одговорно“ со совети и укажување за возачите дека правилното паркирање на возилата е од исклучително значење за општата безбедност во сообраќајот. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал. Отсекот за превенција при СВР Куманово, пак, спроведе превентивна активност со дечиња од Клон „Синоличка“ при ЈОУДГ „Ангел Шајче“ на која дечињата беа информирани за основните сообраќајни правила, прилагодено на нивната возраст.
Полициски службеници од РЦГР Исток во ООУ „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка реализираа превентивна активност насочена кон спречување на зависностите, пред се дрогата. При тоа, младите беа запознаени со штетните последици од користење дрога и алкохол, како и со законските последици кои ја санкционираат оваа девијантна појава.