Денеска (20.04.2026) во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС БПС Велес реализираа превентивна активност насочена кон мотоциклистите, на кои им беше укажано за потребата од поголема внимателност и користење на заштитна опрема, со цел зголемување на безбедноста и подигнување на свеста за ризиците кои може да произлезат од непочитување на сообраќајните правила и прописи. Полициски службеници од ОВР Кавадарци реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози одговорно“, со цел да се влијае на подигнување на нивото на сообраќајна култура.
Исто така, во Штип, Виница и Кочани, од страна на полициски службеници од СВР Штип беа реализирани и превентивни активности на тема „Не користи мобилен телефон“ и „Стави појас“, при што на возачите им беше укажано за опасностите од користење мобилен телефон при управување возила, како и за потребата од користење на сигурносен појас како од страна на возачите, така и од страна на сопатниците. Целта на активностите е да се влијае на подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот и нивото на сообраќајна култура, во насока на намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.
Полициски службеници од ПО Чашка пак, реализираа превентивна активност на тема „Не биди нем сведок“ , со цел превентивно да се дејствува во спречувањето на појавата на секој вид родово базирано насилство, при што беше ставен акцент на постапките и процедурите при појава на случаи на родово базирано насилство и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој.