Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај, како и евакуација по евентуален земјотрес или пожар

Превентивни активности за безбеден сообраќај, како и евакуација по евентуален земјотрес или пожар

Денеска (07.04.2026) во рамки на кампањата „Недела на пешаците“ која се одбележува од 01.04 до 07.04.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, Отсекот за превенција при СВР Тетово, Отсекот за превенција при СВР Охрид, ПС Кочани, ПС Делчево и ПС Пробиштип реализираа превентивни активности на тема „Не заборавајте сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“. При тоа, на граѓаните им беше потенцирано дека улицата треба да ја преминуваат единствено на обележан пешачки премин, да не користат слушалки и мобилни телефони и да ги почитуваат сите сообраќајни правила и прописи како активни учесници во сообраќајот. На граѓаните им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.

Исто така, во Велес полициски службеници од ПС БПС Велес, реализираа превентивна активност на тема „Стави појас“, во рамки на која на возачите им беше потенцирана нивната, но и обврската на сопатниците, за задолжително користење на заштитен појас во возилата.  Превентивна активност на оваа тема денеска реализираа и полициски службеници од ПО БПС Кавадарци. На подрачјето на Општина Чашка пак, денеска беше реализирана сообраќајна превентивна активност на која беше ставен акцент на потребата за свесност кај возачите, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека тоа е сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, додека на подрачјето на селата Виничани и Ногаевци, општина Градско, беше реализирана превентивна активност на тема „Управувај безбедно со земјоделски машини“, со цел поголема безбедност и видливост на земјоделските машини во сообраќајот.

Вчера пак (06.04.2026) од страна на Отсекот за превенција при СВР Охрид во координација со ТППЕ Охрид, Црвен крст, ЦУК И ДЗС  во ОУ,, Братство- Единство“– Охрид беше спроведена показна  вежба за дејствување и евакуација по случен земјотрес и пожар. Целта за организација на вежбата беше подигнување на степенот на безбедносни мерки и подготвеност на сите вработени за поефикасна  заштита при земјотреси, пожари и др. елементарни непогоди како и разработување на  планот за евакуација.

Мени за пристапност