Денеска (06.04.2026) полициски службеници од Полициското одделение Чашка, на подрачјето на населба Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Не биди нем сведок“. Преку непосредна комуникација, граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, правата и мерките за заштита при постоење на некои од облиците на семејно насилство, но и за начините како да се препознае психолошко насилство и насоки за тоа што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. При тоа, акцент беше ставен и на постапките и процедурите при појава на случаи на родово базирано насилство и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој. Целта на активноста е превентивно да се дејствува за да се спречи појавата на овој вид на насилство и да се охрабрат жртвите секој вид на насилство навремено да го пријават во полиција, а беше поделен и печатен едукативен материјал.
Полициски службеници од СВР Тетово, СВР Штип и СВР Битола во Тетово, Ресен, Битола, Штип, Кочани и Берово, во рамки на „Светската недела на пешаците" реализираа превентивни активности со акцент на безбедноста на пешаците како најранлива категорија на учесници во сообраќајот. Во рамки на активностите, од страна на полициските службеници на граѓаните им беа поделени и едукативни летоци, изработени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.