Вчера (03.04.2026) полициски службеници од ОВР Крушево реализираа превентивна активност со учениците од прво одделение, во ООУ ,,Никола Карев" во Крушево. Работилницата беше во насока на безбеден сообраќај со акцент на пешаците, а во рамките на неделата на пешаците.
Денеска (04.04.2026) во Централното градско подрачје и во село Злетово во Општина Пробиштип, од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Пробиштип при СВР Штип, реализирани се превентивни активности во делот на сообраќајот во рамки на „Светската недела на пешаците" како најранлива категорија на учесници во сообраќајот. Во делот на превентивната активност, реализирани се превентивни активности за пешаците, и тоа: „Одговорно пред пешачкиот премин, Не заборавајте сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“, „Паркирај совесно, паркирај одговорно" и „Не користи мобилен телефон додека преминуваш улица".
Во рамки на активноста, од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни летоци, изработени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со порака за „Неправилното паркирање е причинител за голем број на сообраќајни незгоди во кој страдаат децата, пешаците и велосипедистите".
Исто така , полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните на пешаците им укажаа при движење да се користат сообраќајните површини предвидени за движење на пешаци - тротоари, како и пешачките премини при поминување на улиците, со што директно ќе влијаат на зголемување на безбедноста во сообраќајот. Исто така на пешаците им беше укажано и дека за време на преминувањето на улица не треба да разговараат на мобилен телефон и да користат слушалки, затоа што согласно примената на измените и дополнувањата на Законот за безбедност на патиштата може да бидат санкционирани, односно да не користат електронски уреди кои може да им го одвлекуваат вниманието во сообраќајот.
Исто така, беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитувањето на законските одредби, а на учесниците во сообраќајот им беа поделени и печатени едукативни материјали изработени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност Скопје.
Основна цел е зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.