Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на злоупотреба на оружје

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на злоупотреба на оружје

Денеска (08.04.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, во ООУ „Блаже Конески“  и ОСУ „Гимназија Кочо Рацин“ во Велес, реализираа едукативни предавања во рамки на кампањата „Животот нема рестарт-оружјето не е игра“ која има за цел да ја подигне свеста кај младата популација за ризиците од злоупотреба на мало и лесно оружје, а се реализира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Преку презентации и интерактивна комуникација, на учениците им беа потенцирани штетните последици од злоупотребата на оружје. Кампањата има за цел да се спречи насилното однесување кај младите, проблемите да се решаваат преку дијалог и по ненасилен  пат и да се зајакне соработката на институциите во нивното дејствување и остварување на целта за зголемување на безбедноста посебно кај младата популација.

Исто така, денеска беа реализирани превентивни активности од областа на сообраќајот. Полициски службеници од ПС за БПС при СВР Велес спроведоа превентивна активност на тема „Вози совесно, вози одговорно“ укажувајќи им на возачите за обврската за задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи, додека на подрачјето на ОВР Неготино беше реализирана активност на тема „Стави појас“.  Во селата Лисиче, Мелница и Врановци, општина Чашка,  полициски службеници од ПО Чашка спроведоа активност на тема „Управувај безбедно земјоделски машини“, а полициски службеници од ОВР Кавадарци реализираа превентивна активност посветена на пешаците, укажувајќи им на правилата за нивно безбедно движење, како најризична категорија на учесници во сообраќајот. Превентивна кампања за подигнување на свеста за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи спроведоа и полициските службеници од ПС Берово во Берово. 

Полициските службеници од Регионалниот центар за гранични работи -Исток и ПСОН Делчево, пак реализираа едукативна работилница со ученици од СОУ „М.М Брицо“ -Делчево,  на тема: „Превенција од трговија со луѓе “.

Мени за пристапност