Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица на МВР и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица на МВР и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

Денеска (19.05.2026) во седиштето на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи во соработка со преставници од РСБСП беше реализирана едукативно-превентивна активност со посета на најмладите учениците од прво одделение од ООУ „Кочо Рацин“- Петровец.

Учениците имаа можност непосредно да се запознаат со улогата и задачите на полицијата и полициското работење, полициско возило, полициски мотоцикл, како и со дел од службената опрема која сообраќајната полиција ја користат во секојдневното работење.

Исто така преку разговор и практична презентација, учениците стекнаа нови знаења за безбедноста, правилното однесување и значењето и улогата на полицијата во заштитата на граѓаните.

Од страна на претставници од РСБСП, на учениците им беа презентирани и основни правила за безбедно учество во сообраќајот, со посебен акцент на одговорното однесување на пешаците. 

На крајот од посетата  на децата им беше поделен едукативен материјал со цел подигнување на сообраќајната култура и безбедноста кај најмладите.

Мени за пристапност