Денеска (20.05.2026), Одделението за превенција при СВР Скопје реализираше едукативна работилница со ученици од второ одделение во основното училиште „Александар Македонски“ од општина Аеродром по планот за безбедност во училиштата. Основна цел на работилницата беше запознавање со правилата во сообраќајот и целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, како и едукација која придонесува за безбедно учество во сообраќајот.
На 20.05.2026, полициски службеници од Полициските одделенија за безбедност на патниот сообраќај Делчево и Штип реализираа превентивни активности на тема „Управувај технички исправно возило“, „Стави појас“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“. Основна цел на активноста беше зголемување на сообраќајната култура со цел максимално почитување на сообраќајните правила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на возачите им беше поделен и едукативен материјал со корисни совети за возачите.
Во Берово беше реализирана превентивна активност „Заштити се од пожари“, додека во Пехчево беше реализирана превентивна активност на тема „Има помош за живот без насилство“. Притоа, на граѓаните им беа делени користи совети, а им беше поделен едукативен материјал.