Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и бесправна сеча

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и бесправна сеча

На 20.05.2026 во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и мото клубови од Гевгелија реализираа превентивна активност „Вози безбедно на мотор“, преку потсетување на сообраќајните правила, прописи и обврски за внимателно и одговорно учество во сообраќајот и зголемување на безбедноста на возачите на мотори. На возачите им беше укажувано на обврската за носење на заштитен шлем, која се однесува како за нив, така и за сопатниците, напоменувајќи им дека секој учесник во сообраќајот е еднакво одговорен како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот.

Во Штип и Свети Николе пак, денеска (21.05.2026) полициски службеници од СВР Штип спроведоа превентивна активност за правилно паркирање и користење сигурносен појас. При тоа, им беше укажано дека користењето на сигурносен појас е законска обврска како за возачите, така и за патниците во возилата, со цел зголемување на личната безбедност. Во рамки на активностите беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен  во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. 

Во Берово и Пехчево пак, од страна на полициски службеници од СВР Штип, реализирани се превентивни активности за спречување на пожари и незаконска сеча на дрва. Полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека незаконското сечење на дрва и предизвикувањето пожари се кривични дела, кои соодветно законски се санкционираат. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.

Мени за пристапност