Во текот на денешниот ден од страна на инспекторите за превенција при Регионалниот центар за гранични работи Запад беа реализирани превентивни активности, како на подрачјето на Националниот парк "Галичица" и градот Охрид, така и на патниот правец кон Албанија. Имено, на граѓаните, посебно на учесниците на настанот организиран од Охрид Ултра-Треил, им беше укажано на превентивни мерки во насока на заштита од пожари, безбеден сообраќај и зајакнување на довербата и соработката со полицијата.Притоа, остварена е средба со претставници на Црвен крст, дел од организаторите на настанот. Посетени се и неколку места кои се во подрачјето на граничната полиција и на учесниците им беше укажано на почитување на граничната линија каде истите се движат за време на трката.
Од страна на организаторите на настанот на Регионалниот центар за гранични работи Запад му е доделена благодарница за активното учество со превентивни активности на терен, како и за соработката на полицијата со населението, граѓаните и странците.Нашата цел е да бидеме во служба и сервис на граѓаните со доверба и достоинство.