Денеска (24.05.2026) на повеќе локации на централното градско подрачје во Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенциіа при СВР Тетово спроведоа превентивна активност за подигнување на сообраќајната култура и безбедноста кај велосипедистите и лицата кои управуваат електрични тротинети.
Активноста беше реализирана со цел подигнување на јавната свест и зголемување на безбедноста на сите учесници сообраќајот. Притоа, на граѓаните им беа дадени совети и препораки за безбедно учество во сообраќајот, со посебен акцент на користење заштитна кацига, почитување на сообраќајните правила и зголемена внимателност при управување велосипед и електричен тротинет. Во рамки на активноста беа поделени и едукативни летоци со содржина: "Кацигата на глава, безбедност и сигурност дава“ и „Велосипедистот прав вози со безбеден став“, изработени во соработка на МВР, РСБСП и Факултетот за безбедност.