Денеска (25.05.2026) во Скопје и Штип, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и Отсекот за превенција при СВР Штип реализираа превентивни активности за спречување на пожари и незаконска сеча на дрва. Полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека незаконското сечење на дрва и предизвикувањето пожари се кривични дела, кои соодветно законски се санкционираат.
Доколку пак забележат бесправна сеча или пожар, тоа веднаш да го пријават на телефонскиот број 112. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.